Ќе се градат 80 мали ХЕ вредни 176 милиони евра

Bez autora
Nov 19 2013

Министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми ги промовираше Физибилити студијата за оправданост на доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија со изградба на мали хидроелектрични централи и веб-страницата, преку која ќе се обезбеди транспарентност во реализацијата на активностите, како и навремено и објективно информирање на граѓаните, инвеститорите и сите заинтересирани страни. Според Адеми, Физибилити студијата ги содржи сите потребни информации од економска, правна, финансиска и техничка анализа, со препораки и заклучоци за 80 локации за кои МЖСПП треба да даде концесија. Од особена важност е да се истражат и понудат најоптимални решенија. Врз основа на наодите од физибилити студијата, се разгледуваат можностите за групирање на одредени локации по водотеци, можностите за промена на повластените тарифи за произведена електрична енергија, како и за изменување и дополнување на мрежните правила и поедноставен приклучок во електричната мрежа на Македонија.

Ќе се градат 80 мали ХЕ вредни 176 милиони евраМинистерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми ги промовираше Физибилити студијата за оправданост на доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија со изградба на мали хидроелектрични централи и веб-страницата, преку која ќе се обезбеди транспарентност во реализацијата на активностите, како и навремено и објективно информирање на граѓаните, инвеститорите и сите заинтересирани страни.

Според Адеми, Физибилити студијата ги содржи сите потребни информации од економска, правна, финансиска и техничка анализа, со препораки и заклучоци за 80 локации за кои МЖСПП треба да даде концесија.

- Од особена важност е да се истражат и понудат најоптимални решенија. Врз основа на наодите од физибилити студијата, се разгледуваат можностите за групирање на одредени локации по водотеци, можностите за промена на повластените тарифи за произведена електрична енергија, како и за изменување и дополнување на мрежните правила и поедноставен приклучок во електричната мрежа на Македонија - рече Адеми.

Тој очекува од реализацијата на проектот за малите хидроцентрали да се зголеми производството на струја и да се намали увозот на електрична енергија, а од друга страна да се намали емисијата на стакленички гасови и да се придвижи локалната економија.

За изградба на 80-те мали хидроцентрали се проценува дека ќе бидат потребни 176 милиони евра, вкупната инсталирана моќност е проценета на 63 мегавати, додека вкупното производство на електрична енергија се очекува да изнесува 226 гигават-часови.

Министерот Адеми најави дека до крајот на годината ќе се објават шест пакети на мали хидроелектрични централи, а рокот на аплицирање е 90 дена од објавувањето на тендерот.

- На веб страницата за мали хидроцентрали сите инвеститори и други заинтересирани ќе можат да се информираат и да ги добијат сите потребни информации за проектот, а на располагање им е и проектот и физибилити студијата - рече Адеми.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik